4 совети за подобар вид

окоВо модерното општество речиси секој поминува неколку часа гледајќи во компјутерски монитори. Оваа активност може да има негативни последици по видот, па потребна е да се грижиме за очите. Еве неколку совети за подобрување на видот.

1. Исхрана за подобар вид

На очите им се потребни повеќе хранливи материи за оптимално функционирање. Започнете со овие:

– Витамините А, С, Е и минералите како бакар и цинк се витални за видот.
– Антиоксидантите, како бета-каротин, лутеин и зеаксантин, ја штитат жолтата дамка од мрежницата од оштетување од сончевата светлина. Овие антиоксиданти можете да ги добиете од жолчки од јајца, жолти пиперки, тиква и моркови. Моментални истражувања покажуваат дека конзумирањето на жолти и зелени зеленчуци исто така го спречува и оштетувањето на жолтата дамка – водечка причина за слепило – предизвикано од стареењето.
– Храна која содржи сулфур, цистин и лецитин помагаат во заштитувањето на леќата од формирањето на катаракти. Одличен избор е лук, кромид и копар.
– Боровинки и грозје, кои се богати со антоцијанин, имаат антиоксидантни и антивоспалителни својства кои можат да помогнат во подобрувањето на видот.
DHA е масна киселнина која е присутна во рибите како лосос, сардини, скуша и бакалар. DHA им дава структурална подршка на клеточните мембрани со што го подобруваат очното здравје.
– За да се спречи дехидрацијата и суви очи не заборавајте да пиете филтрирана вода секој ден: 8 чаши од по 250 милилитри секој ден за подмачкување на очите.

2. Вежбајте ги очите

Овие едноставни вежби ќе ви помогнат во одржувањето на оптималниот вид. Правете ги овие вежби веднаш по будењето, пред да заспиете навечер, или во било кој дел од денот кога ќе почувствувате замор на очите. Многу е важно рацете да ви бидат чисти и да сте опуштени. Со секојдневно вежбање би можеле да видете подобрени резултати за само еден месец.
– Загрејте ги очите. Загрејте ги рацете со триење и потоа покријте ги очите пет секудни, повторете три пати.
– Завртете ги очите. Почнете со гледање нагоре а потоа полека свртете 10 кругови во насока на стрелките на часовникот и 10 кругови во спротивна насока.
– Фокус. Држете пенкало во исправена рака, фокусирајте ги очите на пенкалото и полека приближете го пенкалото на 15 сантиметри од носот. Потоа бавно оддалечете го фокусирајќи се на пенкалото, повторете 10 пати.
– Масирајте ги слепоочниците. Користејќи ги палците масирајте ги слепоочниците во мали кругови, 20 пати во една насока, 20 во спротивна. Повторете го истото и над средниот дел од веѓите, под очите и на двете страни од носот.
– Навалете ја главата наназад, затворете ги очите и опуштете се три минути.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

3. Ограничете ги токсините од околината

Надворешните фактори можат да придонесат кон оштетувањето на очите. Фактори како флуоресцентни светилки, компјутерски монитори, алергенси од околината, хлор во базени, клима уредите и греењето, читањето во слаба светлина и постојано чешање на очите. Не пушете и намалете го изложувањето на чад од цигари бидејќи го зголемува очниот притисок. Носете очила за сонце за да ги заштите очите од изложеноста на ултравиолетова радијација.

4. Одмор и релаксација за очите

Спиењето им дозволува на очите целосно да се одморат, поправат и опорават. Недоволното спиење може да го ослаби видот, затоа обидете се да спиете по осум часа секоја ноќ. Одморајте ги очите секој час од работниот ден: одмарајте по 10 минути за секои 50 минути поминати пред монитор или во читање. [4 ways to improve your eyesight]

- Реклама -