4 скриени светски чуда

дестинацииСекој има чуено за Мачу Пикчу и Ангкор Ват, но дали имате чуено за град изграден од Инките кој е навистина загубен за сите авантуристи? Или комплексот од 52 храмови скриен во џунглата во Камбоџа кој можете да го најдете само со локален водич? Овие дестинации се навистина неверојатни, но не привлекуваат голем број посетители со причина – тие се изолирани.

Карелиа, Русија

дестинацииПотребно е патување со авион или целовечерно возење со воз од Москва или Санкт Петерсбург и транспорт со траект за да стигнете до островот Кижи, дел од ланец од 1650 острови во езерото Оњега во северна Русија. Но штом стигнете таму ве пречекува уникатниот музеј на отворено кој опфаќа 90 дрвени градби, цркви, ветерници и амбари. Највпечатливиот дел е Кижи Погост на јужниот крај на островот, заграден двор во кој се наоѓа осумаголна камбанарија и две дрвени цркви од осумнаесетиот век.

Дваесет и две куполи покриени со дрвени плочки се наоѓаат на покривот на црквата Преображение Христово висока 36 метри. Она што е навистина зачудувачко е што ова ремек дело е изградено без ниту една шајка. Според легендата, една секира била употребена за правење на сите дрвени плочки за покривот и сите спојни зглобови, по што секирата била фрлена во водата за никогаш повторно да не биде изградено слично чудо.

Провинцијата Кампонг Том, Камбоџа

дестинацииИзградени во седмиот век, 52-та храмови во Самбор Преи Кук се дел од остатоците од поранешниот главен град на Ченла, кралство кое во минатото ја контролирало речиси целата територија на денешна Камбоџа. Распространет на 7,7 квадратни километри во џунглата во Кампонг Том провинцијата, комплексот е околу 600 години постар од Ангкор Ват.

Овие храмови годишно се посетени од скромни 5000 посетители, споредено со повеќе од милион туристи кои го посетуваат Ангкор Ват. Причина за тоа би можело да биде фактот што за да стигнете до Самбор Преи Кук треба да поминете три часа возејќи од Сием Реап или Пном Пен по нерамни патишта.

Малта и Гозо

дестинацииКамените храмови на овој мал остров не привлекуваат многу внимание. Но во 5000 година п.н.е., илјадници години пред да бидат изградени пирамидите во Гиза, овие храмови привлекувале големи групи верници. Хагар Ким, најголемиот комплекс од храмови е сместен на врв на рид на јужниот брег на Малта. Комплексот е изграден од масивни камени плочи кои се подигнати од земја и формираат структури слични на оние во Стоунхенџ; една плоча, висока 6 метри, тежи околу 20 тони.

Најдобрите статуи во Хагар Ким – три фигури „дебели дами“ и послаба Венера од Малта – биле ископани во средината на дваесетиот век и сега се сместени во Националниот Археолошки Музеј во главниот град Валета. Но ако го посетите Хагар Ким можете да забележите спирали, животни и божици издлетани во камењата – импресивен подвиг со оглед на тоа што авторите работеле со алати направени од кремен и обсидијан.

Чокекирао, Перу

дестинацииОвие рушевини од петнаесетиот век – централен плоштад опкружен со десетици скалести тераси изградени на околу 1830 метри над реката Апуримак – во 2006 година биле посетени од помалку од 7000 луѓе. Тоа е малку повеќе од еден процент од оние кои го посетиле попзнатиот Мачу Пикчу, чиј прекар „Загубениот град на Инките“ е лажно рекламирање со оглед на бројот на посетители.

Но на оваа височина Чокекирао не е ништо помаклу значаен: градот има речиси исти димензии како и Мачу Пикчу. Археолозите веруваат дека овој град бил последниот главен религиозен центар на Инките пред падот на нивната Империја. Од малиот град Качора (одалечен околу 160 километри од Куско), до Чокекирао се стигнува со пешачење 32 километри.

- Реклама -