За наша среќа, научниците се неуморни во откривањето на нешта како што се дали алкохолот ги прави другите попривлечни, зошто мажите спијат после секс или дали жените преферираат згодни или паметни мажи. Од друга страна, ваквите истражувања најчесто нема да ни кажат ништо ново и само ќе го потврдат она што веќе го знаеме, но поткрепено со научни факти.

Научно објаснување:
Како што се покажа, привлечноста предизвикана од алкохолот е научен феномен. Научниците тестирале група од 84 британски студенти од кои еден дел пијале безалкохолни пијалоци, а другите вотка. Потоа им покажале фотографии од мажи и од жени. Она што го откриле е дека на студентите кои пиеле алкохол им биле поатрактивни жените на фотографиите, но, што е интересно, дури и мажите им изгледале поатрактивно на хетеросексуалните студенти.
Студијата направена од една британска осигурителна компанија покажа дека, всушност, (за жал) тоа убедување е до некаде точно. Тие откриле дека звукот на спортските коли ги возбудува жените. Но, од друга страна, звукот на VW Polo не само што не ги пали ни мажите, ни жените испитанички, туку и на едните и на другите им го намалува нивото на тестостерон. Па веројатно, на крајот, сепак зависи од автомобилот (или од рекламите?)
Наспроти општото мислење, жените сепак преферираат интелегентни мажи. Барем така покажа оваа студија каде жените требало да ја оценат атрактивноста на мажите кои истражувачите ги снимиле како извршуваат одредени задачи.
Според ова испитување oна што жените го преферираат при изборот, без разика дали е тоа за долга или кратка врска, не е добриот изглед, туку креативноста и интелегенцијата. Мора да се спомене и тоа дека од друга страна студијата покажа и дека жените го сакаат најдоброто од двата светови, интелегентен и згоден маж, ама добрата вест е дека интелегенцијата е пред добриот изглед.