Во правниот свет, забележани се едно чудо невообичаени одбранбени стратегии. Некои од нив се движат на линијата помеѓу екцентрични и идиотски. И тука ништо не би било чудно, кога се знае дека постојат добри и лоши адвокати. Но, чудно е што некои од нив успеале!
Во правниот свет, забележани се едно чудо невообичаени одбранбени
стратегии. Некои од нив се движат на линијата помеѓу екцентрични и
идиотски. И тука ништо не би било чудно, кога се знае дека постојат
добри и лоши адвокати. Но, чудно е што некои од нив успеале!
4. „Матрикс“ одбрана
Криминалното дело: Во јули, 2002 година, Тонда Лин Енсли од Хамилтон, Охајо ја застрелала газдарицата на зградата во глава. Обично, ова е фатално.
Одбраната: Тонда им кажала на полицајците дека „Во Матиксот, се извршуваат многу криминални дела“. Нејзиниот адвокат продолжил да ја гради идиотската одбрана на таа реченица и во судот тврдел дека светот во кој живееме не е ништо повеќе од илузија генерирана од нашите машински господари, а Енсли мислела дека газдарицата е дел од машинеријата која си поигрува со неа. (Веројатно не треба да ве потсетуваме дека ова тврдење е варијација на теоријата на Платон дека целиот свет е всушност сенка на некој друг свет и ништо овде не е повеќе од привид).
Поротата пресуди дека таа не е виновна поради тоа што има ментален дефект, т.е. затоа што била убедена оти се наоѓа во компјутерска симулација.
3. Месечарење
Криминалното дело: На 23 мај 1987 година, Кенет Паркс возел 22 километри до куќата на родителите од жена му, ги нападнал брутално и ја избодел до смрт неговата баба. Потоа се пријавил во полициска станица, велејќи: „Можно е да убив некои луѓе“.
Одбраната: Адвокатот на Паркс тврдел оти тој не се сеќава на ништо од таа вечер пред да влезе во полициската станица. Тврдел дека спиел цело време и поради тоа не може да се смета виновен за убиството.
Нормално, судот не му поверувал, но наредил да се изврши ЕЕГ. Тестот покажал дека кај него, при РЕМ фазата се појавуваат абнормални мозочни бранови, што со голема веројатност значи дека страда од парасомнија. Поради тоа, тој бил ослободен од одгооворност, но никогаш не бил поканет да преспие кај некого.
2. Црн гнев
Криминалното дело: На 7 декември 1993 година, Колин Фергусон се качил на воз во Лонг Ајленд. Бил крајно незадоволен со услугата, не видел картички за поплака, па решил да се пожали на друг начин. Извадил пиштол, почнал да пука, погодил 25 луѓе, убил 6 од нив.
Одбраната: Тимот адвокати на Фергусон подготвил одбрана во која се тврдело дека тој бил привремено полуден од црн гнев, поради фактот што живее во бел свет и се чувствувал дискриминиран.
Никогаш нема да знаеме дали оваа одбрана ќе успеела, зашто Фергусон ги отпуштил пред да започне судењето и решил да се брани сам. Неговата одбрана е уште поинтересна. Тој тврдел дека во мозокот му бил вграден микрочип преку кој му била испратена наредба да убива. За сведок го барал тогашниот претседател Бил Клинтон. Воопшто не е за чудење што бил осуден на казна затвор во траење помеѓу 315 години и доживотно!
1. Злобниот двојник
Криминалното дело: Господин Раџ, 27 годишен Малезиец, во 2003 година бил фатен како транспортира 166 килограми марихуана и 1,7 килограми сиров опиум. Иако во остатокот на светот се оди кон легализација на канабисот, во Малезија, казната за продажба на оваа магична трева е смрт со бесење.
Одбраната: Токму во моментите кога се чинело дека Раџ ќе виси поради својот бизнис (фатен со дрогата, снимен, со ДНК докази итн.), се испоставило дека постојат двајца Раџ – Сатис и Сабариш – идентични близнаци. Другиот близнак бил донесен на судењето. Кога судијата ги прашувал кој го стори делото, обајцата го посочувале братот. Оваа одбрана и тоа како успеала, зашто не само што ги ослободиле (затоа што никако не можеле да се осигураат кој е оној што го сторил делото), туку на крајот од судењето, полицајците веќе не биле ни сигурни кого го уапсиле.