4 фризури кои ќе ве подмладат и до 10 години

Баш како и облеката и фризурата може визуелно да додаде или да намали години. Сакате да го одржите младешкиот изглед? Пронајдете ја фризурата која ќе ги освежи и нагласи вашите адути. Ви прикажуваме 4 примери за тоа како фризурата може позитивно да влијае на вашите години.

Плетенка

60445135

Наместо класичната плетенка или „рибјите коски“ кои ги носевме како девојчиња испробајте ја лежерната варијанта на страна која е вистински хит. Плетенката од овој вид ќе и даде волумен на косата и ќе допринесе до младешки изглед.

Шишки

60445132

Шишките се секогаш во тренд и се идеален начин за сокривање на борите на челото, но треба да ги избегнувате оние ретките и степенесто шишани бидејќи тие дури и може да ви додадат некоја година плус на изгледот. Сепак, шишките потргнати на страна се одлично решение кое секогаш дава романтичен изглед на вашето лице, и дефинитивно допринесува до свежина и младешки шмек.

Рамна коса

60445130

Иако рамната коса некогаш знае да изгледа безживотно и безлично, доколку си поиграте со неа и ја претворите во кадрици, таа ќе добие волумен и ќе изгледа витално и модерно. Одличен начин за да добиете елегантен и воедно младешки изглед.

Пунџа

60445131

Иако пунџата се вбројува во елегантни фризури кои одлично прилегаат со вечерна тоалета, сепак, таа го нагласува профилот и кога е по малку бушава и распуштена знае да изгледа и мошне младешки. Тоа го знае и Ким Кардашијан која не ретко ја имаме забележано како ја носи оваа фризура.

- Реклама -