UV зраците, морската сол и хлорот во базените сериозно и штетат на косата. Таа станува кршлва, сува и лесно испукува, а за да би ја опоравиле потребна е целосна детоксикација.
1. Одберете добар шампон
Убавата коса најмногу зависи од добриот избор на шампон, а за сувата најдобар избор се оние на база на макадемија, масло од јојоба и сина агава нектар кои ги хранат влакната и ја враќаат влагата.
Косата треба да се мие два до три пати неделно, а се почесто од тоа дополнително ја оштетува.
2. Фенот го подобрува регенераторот
Регенераторот за коса пружа длабинска нега а во лето носете го оној кој не се плакне.
Фризерите препорачуваа да го нанесете само на врвовите, бидејќи во спротивно косата ќе изгледа сплескано, а косата треба да ја исушите со фен.
Топлината ќе му овозможи на регенераторот полесно да продре до протеинската структура на косата и ќе ја обнови внатрешноста на косата.
3. Избегнувајте силиконски маски
Маските се неопходен дел од негата на сувата коса. Најдобар избор се оние кои се на база на палмино масло и шеа путер, додека оние со силикон треба да се избегнуваат.
4. Длабинска нега со масла
Сувиот корен води кон првут и опаѓање на косата, а во сево ова помага маслото кое нуди длабинска нега. Најдобар избор се кокосовото, маслиновото и бадемовото масло.