„3Doodler“ – пенкало кое пишува во 3D

„3Doodler“ е првото пенкало кое пишува во 3D, креирано од Питер Дилворт и Макс Боги. Двајцата изумители вчера (19 февруари, 2013) лансираа кампања за собирање на финансики средства за реализација на проектот, која за помалку од 24 часа успеа да добие преку 5.800 поддржувачи кои инвестираа над 518.000$ и покрај предвидените 30.000 кои тие ги имаа за цел. И како тоа да не е доволно, кампањата е предвидено да собира средства уште 32 дена.

Необичното пенкало ќе се најде на пазарот по цена од 75$, а во продолжение, погледнете на кој принцип функционира.

 

[youtube]http://youtu.be/DQWyhezIze4[/youtube]

 

- Реклама -