3D пребарувач на слики

slika_za_storija1Сите вие кои што сакате да внесате свежина и забава во вашето
пребарување, конечно можете да се опуштите и за момент да ги замените
веќе постоечките 2D пребарувачи. Сите љубители на добрата фотографија,
сеирот и приватните галерии се добредојдени.


slika_za_storijaСите вие кои што сакате да внесате свежина и забава во вашето пребарување, конечно можете да се опуштите и за момент да ги замените веќе постоечките 2D пребарувачи. Сите љубители на добрата фотографија, сеирот и приватните галерии се добредојдени.

Архивата со која што располага овој пребарувач е во сопственост на Flickr.

За сите кои што за прв пат се сретнуваат со поимот Flickr, тоа е веб страна за размена на фотографии и е една од првите Web 2.0 апликации. Oна што го направи Flickr најпопуларен сајт за фотографии е можноста за креирање на тагови. Токму врз база на таговите кои што се наоѓаат на оваа страна е креиран и flickr related tag browser.

Тоа претставува пребарувач кој е започнат како самостоен проект на Феликс Тарнер, без некоја посебна цел. Едноставно сакал да експериментира со 3D анимации. Крајниот производ е сосема задоволувачки. Иако нема  официјален домејн, бидејќи и самиот сеуште се води како проект, доволно е линкот да го зачувате во вашиот bookmarks toolbar и слободно со само едно кликање да пребарувате низ огромната архива на слики кои што се aплоадирани на Flickr. [flickr related tag browser]

- Реклама -