3D музеј ве вклучува како дел од уметноста

Повеќето музеи им забрануваат на посетителите да сликаат со фотоапарат или телефон.

Токму ова правило не важи, кога зборуваме за музејот на уметноста во Манила, на Филипините.

Тука посетителите се охрабрени да „комуницираат“ со уметничките дела и да се забавуваат, па дури препорачливо е да се фотографира што повеќе.

1

„Сликите не се завршени, доколку не присуствуваат посетителите во нив и ако не се фотографирате со нив”, вели секретарот на музејот Блит Камбаја.

2

Музејот е исполнет со уникатни слики кои додека се фотографирате крај нив под одреден агол, создаваат оптички илузии – така изгледа дека вие сте дел од самата слика.

3

На пример, може да бидете вклопени во сликата или пак да бидете нападнати од животно. Ако имате среќа да отидете во Манила, ве охрабруваме да не го пропуштите доживувањето, кое што еден таков современ музеј може да ви го обезбеди. Бидете дел од уметноста!

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

- Реклама -