Колку неверодостојно да звучи и да изгледа, сепак, фотографиите од вселената само што станаа уште поневеројатни од кога и да било досега.
Финскиот астрофотограф J-P Мецаванио, успеа со помош на неговите дводимензионални фотографии, да додаде уште една, трета димензија, со која ќе се почувствувате како да лебдите низ бескрајниот простор.
„Објектите на фотографиите не се ни малку слични како сликите на платно. Напротив, тоа се вистински три-димензионални објекти кои пловат низ три-димензионалниот простор“, изјавил тој.
Прво, Мецаванио собира информации за тоа колку далеку објектот е, и внимателно ги проучува ѕвездите и структурите во и околу него. Потоа, тој создава волуметриски модел на неговиот предмет – обично небула. Конечно, тој ја оживува сликата со 3D анимација, со што им овозможува на гледачите полесно да замислат како изгледа едно вселенско патување низ сите тие џиновски астрономски „украси“.
[youtube]http://youtu.be/fZz9Com0piE[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/OiOgb1oQdWw[/youtube]