37 правила за фер караници (2. дел)

Караница Продолжуваме со сублиматот правила за фер караници. По вчерашните нешта кои треба да ги правите за да се осигурите дека никој нема да е повреден, листата се заокружува со нештата кои не треба да ги правите.


Продолжуваме со сублиматот правила за фер караници. По вчерашните нешта кои треба да ги правите за да се осигурите дека никој нема да е повреден, листата се заокружува со нештата кои не треба да ги правите.

КараницаНешта кои не треба да ги правите:

1. Не посочувајте минати грешки и инциденти.
Никогаш не вадете валкани алишта за да се соочите со проблемот пред вас!

2. Не обвинувајте.
Говорете во прво наместо во второ лице за најдобро да ги искажете ставовите.

3. Не правете споредби со други луѓе, клишеа, стереотипи, ситуации.

4. Не играјте игри.
Никогаш не бидете неискрени за чувствата, желбите, очекувањата. Примери за игри се: молчењето како притисок, изигрувањето маченик, „Види што ме натера да направам“, итн.

5. Не внесувајте мислења на други луѓе.
„Мајка ми се согласува“ не е валиден аргумент. Единствените мислења што се важни во караницата се оние на директно засегнатите.

6. Не се заканувајте.
Ако некому му речете „Направи го ова, или…“, голема веројатноста дека тој ќе се одлучи за она „или“ само за да си ја зачува гордоста. Тогаш ќе сфатите дека не сакате да ја реализирате заканата, но веќе ќе е доцна.

7. Не се трудете да победите по секоја цена.
Во таков случај, речиси сигурно дискусијата ќе се претвори во караница!

8. Не велете „секогаш“ и „никогаш“.
„Ти секогаш правиш вака“, „Ти никогаш не правиш така“ се фрази кои се претерувања и го ставаат соговорникот во дефанзива.

9. Не прекинувајте го соговорникот,
не коментирајте сред неговите реченици и не презборувајте. Внимавајте и на невербалната комуникација. Превртувањето очи, потсмевањето, зевањето и сл. не создаваат почва за фер караница.

10. Не заминувајте од караницата без да кажете дека ќе се вратите.


11. Не посочувајте го виновникот.

12. Не ги собирајте чувствата за да ги истурите одеднаш. Трудете се почесто да ги изразувате.

13. Трудете се да не викате.


14. Не се заканувајте со раскинување.
Во жарот на битката, употребувањето закани за напуштање на врската знаат да бидат многу болни. Кај партнерот тоа ќе создаде чувство на напуштање и сосема ќе ја намали способноста за рационално расудување. Проблемите не само што нема да бидат решени, туку веројатно и ќе се зголемат.

15. Не му ги читајте мислите на партнерот и не очекувајте да ги прочита вашите.

16. Не навредувајте!


17. Не претпоставувајте, не носете заклучоци, не си конструирајте приказни за кои немате доволно информации.

18. Не ги омаловажувајте постигнувањата на другиот. Без разлика колку и да се мали или пак чудни.

19. Не се плашете од извинување кога грешите.
Тоа ќе покаже дека се трудите.

- Реклама -