По едномесечно тестирање (благодарност до сите оние кои го тестираа 365
Календарот), на ваше барање, Ви го претставуваме – 365.com.mk
Календар!
Што е 365 Календар?
365 Календар е замислен како алатка со која ќе може да дознаете за нешто што се случува денес, утре, задутре или пак во текот на годината низ цела Македонија. Најголемата убавина е во тоа што секој може да го уредува! Буквално!
Како функционира?
Многу едноставно!
Кликнете на 365 Календар во главното мени, кликнете на денот за кој
сакате да видите некој настан и готови сте! Календарот ќе ви ги
прикаже сите настани за тој ден.
Кликнете на сликата за поголема верзија
Кликнете на сликата за поголема верзија
Знам една радио емисија, се вика Балканска е-Банка. Како да ја додадам во настаните?
десниот горен агол се појавува едно малечко знакче +. Кликнете на
плусот. Ќе ви се отвори прозорот за внесување на настан.
Кликнете на сликата за поголема верзија
Во Опис внесувате опис. На пример: Емисија на City Radio (94.7FM) со Викса, Јохан и Докторот. Секој понеделник и вторник.
Во Категорија ја избирате категоријата. Во овој случаj Радио
Во Датум на настанот го избирате датумот и почетокот на настанот. Во овој случај: 15 Maj, 2006 во 00:00 часот
Во Траење го избираме траењето на настанот. Во овој случај пишуваме: 0 денови, 2 часови, 26 минути
Во Информација за контактот внесуваме
информација за лицето за контакт (Име, Презиме). Ако сте организаторот на овој настан, внесете ги Вашите податоци. Подолу
внесете го вашиот e-mail и Интернет адресата на која што корисниците би
можеле да добијат повеќе информации околу овој настан. Во нашиот случај
внесуваме само во полето Интернет адреса: http://www.ebanka.com.mk
Овој настан се повторува секој понеделник, затоа кликаме на знакчето ПЛУС во Повторувачки настан. Во Метода на повторување одбираме Повтори секоја 1 Недела. Поради тоа што овој настан ќе се емитува уште неодредено време, одбираме Нема краен датум. Ако настанот траеше, на пример до 20 Јуни, 2007, ова го одбираме во Повторувај до.
Згодно е да оставите и фотографија
за поубаво да го прикажете настанот. Ако е филм, би можеле да ставите обвивка од филмот, ако е некоја емисија на телевизија, оставете
лого од телевизијата. Ова може да го направите ако во полето Слика одберете фајл (преку Choose), или доколку вашиот фајл е веќе поставен на интернет, кликнете на жолтата икона под Опис на Настанот и внесете го линкот.
Потоа кликнете на Додади Настан и готови сте!
Календарот
ќе испрати информација до Администраторите, кои по многу кратко време
ќе го одобрат настанот. Ова е поради филтрирање на непристојни
содржини.
Зошто ова?
Во недостаток на било каков квалитетен Информатор
за настаните ширум Македонија, екипата на 365.com.mk се одлучи на
својот портал да постави досега невиден Календар на овие простори. Календар без ажурирање, календар уредуван од обични луѓе,
со кои било кој пишан или електронски медиум не би имал никаква шанса
кога се во прашање информациите. Едноставно, нема, ниту пак ќе има,
доволно добра екипа која би знаела дека вечерва, на пример во Битола,
има жива свирка на некој локален бенд, а во исто време да знае дека во
Скопје има перформанс на некој уметник. Затоа сте Вие тука, да ни
помогнете. Ќе потрошите само неколку минути за да внесете некој настан, но на илјадници ќе им заштедите многу време.
компанија, културна институција, ТВ или Радио медиум, слободно додате
се што ќе посакате во врска со вашите емисии, манифестации или
концерти. Ако сте кино или театар, додате ја вашата месечна програма.
Ако не го ажурирате Календарот, можеби конкуренцијата ќе го ажурира.
365.com.mk, како
водечки иноватор на Македонскиот Интернет, верува во тоа дека иднината
на информациите е во луѓето, а не во медиумите.
помогнете да го направиме овој Календар единственото нешто што ќе му
биде потребно на било кого, да најде информација за било што, во било кое време.
Најсрдечно,
365.com.mk – Интелигентен портал