„360 степени“: Џипот што го возел Рашковски е на фирма на еден од тајните хонорарци на Владата

Џипот „Волво“ чиј основен модел чини околу 75.000 евра, во кој неодамна беше „уловен“ поранешниот Генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, е во сопственост на фирма на еден од хонорарците чии имиња Владата ги обелодени исклучиво поради притисокот од јавноста, објави „360 степени“ во најавата за вечерашната емисија во која ќе бидат изнесени повеќе детали, која ќе се емитува од 22 часот на ТВ „Алсат“.

Во кратката најава, „360 степени“ потенцира уште еден момент; Авторските договори на овој хонорарец, во износ од 30 до 50 илјади денари, ги потпишувал лично Рашковски. Погледнете ТУКА.

Денеска „Алсат“ објави и дека Рашковски целиот имот го препишал на име на своите деца.

- Реклама -