36 црвени картони на еден натпревар (видео)

36 црвени картони на еден натпревар (видео)Дамјан Рубино, судијата кој го судеше натпреварот од петтата аргентинска фудбалска лига помеѓу Клејполе и Викторијано Аренас, постави светски рекорд со тоа што успеа да покаже вкупно 36 црвени картони. По еден за секој играч на теренот и клупата, како и за двата тренери.

Во делот од натпреварот во кој се играло фудбал, судијата покажа по некој црвен картон, но при резултат 2:0 за домаќините се случи масовна тепачка по која судијата почнал да дели црвени картони кому ќе стигне. Нормално, тоа дополнително ги разлутило актерите на теренот и тепачката станала толку страшна, што Рубино бил присилен комплетно да ги исклучи двата состава и тренерите. Потоа побарал од полицијата да ги заклучи играчите во нивните соблекувални додека да се смират.
{youtube}i_6Vq3GcLXk{/youtube}

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
- Реклама -