Украина ќе добие 2.65 милијарди долари помош од Холандија

Холандија ќе ѝ обезбеди на Украина финансиска помош од 2.65 милијарди долари, соопшти холандската Влада.

Средствата се наменети за воена помош, обнова на инфраструктурата и помош при истраги за потенцијални воени злосторства, нагласија од Владата.

„Сѐ додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Холандија ќе ѝ пружи помош на Украина – воена, хуманитарна и дипломатска“, напиша холандскиот премиер Марк Руте на Твитер.

Прочитајте и:  Борел: Нема услови за „ресетирање“ на односите со Русија во блиска иднина
- Реклама -