Бајден за Путин: Не е можно да се користи тактичко оружје и да не се случи Армагедон

Руските закани за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот во Украина го ставаат светот во ризик од „апокалипса“ за првпат по Кубанската ракетна криза, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Не сме се соочиле со можност за апокалипса од Кенеди и Кубанската ракетна криза во 1962 година“, рече Бајден на собирот за донации за кампањата на Демократската партија во Сенатот, во Њујорк.

Бајден рече и дека „прилично добро го познава Путин“ и дека рускиот лидер „не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно, биолошко или хемиско оружје“. Според Бајден, Путин размислува за тие опции затоа што неговата војска „не се претставила на најдобар начин“.

Прочитајте и:  Белата куќа со критики за Илон Маск откако „праша“ зошто има обиди за атентат само врз Трамп

Сепак, според Бајден, не е можно Русија да посегне по такво оружје, а тоа да не доведе до „Армагедон“. Тој предупреди дека употребата на тактичко оружје со помала моќност може брзо да излезе од контрола и да доведе до глобално уништување.

„Мислам дека не е можно да се користи тактичко оружје и да не се случи Армагедон“, рече Бајден.

Извор: МИА

- Реклама -