МНР го осуди говорот на омраза на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија

Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за, како што се наведува во соопштение, „вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да се забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија“.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла“, порачуваат од МНР.

Од министерството додаваат дека двете земји и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, како што велат, добри соседи.

Прочитајте и:  Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
- Реклама -