Захарова: Одлуката на „северномакедонските“ власти за донација на тенкови за Украина е голема грешка

ФОТО: Руско МНР

Одлуката на земјава да ѝ донира тенкови Т-72 на Украина е голема грешка, смета Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.

Иако станува збор за застарена опрема, наведува Захарова, со донацијата се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“.

„И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е ‘безопасна’ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје за Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија“, рече Захарова на вчерашниот брифинг, се наведува на официјалната веб страна на руското МНР.

Прочитајте и:  Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа, не може вечно да се потпираме на САД
- Реклама -