Ковачевски: Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

Премиерот Димитар Ковачевски, на својот Твитер профил, ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени ‘Народни републики’. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015“, напиша Ковачевски на Твитер.

„Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“, додаде Ковачевски.

Синоќа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, исто така на Твитер, меѓу првите изрази „силна осуда“ за потегот на Русија.

Прочитајте и:  САС на МПЦ-ОА изрази подршка на Украинската православна црква

„Силно го осудуваме признавањето на од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни. Таквите акти претставуваат грубо кршење на меѓународното право. Северна Македонија ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, порача Османи.

- Реклама -