Денеска, на Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август, министерката за одбрана Радмила Шекеринска доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт – генерал-мајор Грегори Најт.
„Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник“, се вели во образложението на одлуката.
„Шекеринска имаше витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт. Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство“, е пораката од Вермонт.
Министерката Шекеринска, на својот Фејсбук профил, се заблагодари за медалот, но и им го посвети на сите граѓани. „Моите заслуги се и нивни заслуги“, порача таа.