Во предизборното видео на Каракачанов, симбол за „бугарштината“ е Охрид; Реакција на МНР (ВИДЕО)

Продолжуваат провокациите од бугарска страна со отворени територијални претензии, а во главна улога повторно е Красимир Каракачанов и неговата ВМРО-БНД (Бугарско национално движење).

Во најновиот предизборен спот на коалицијата „Бугарски патриоти“ предводена од партијата на Каракачанов, тие порачуваат дека ќе ја бранат Бугарија, семејството и бугарштината, а за тоа време, во позадина оди и снимка од Охрид (на 10 секунди во видеото).

По повод новата провокација, денеска реагираше и македонското МНР.

„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме“, се вели во соопштението.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување

Во истото, МНР ги повикува официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на еден од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија.

- Реклама -