Филипче: Го слушнавме апелот на граѓаните, ќе се ограничи цената на приватните болници за лекување на болни од ковид-19

Со измени во Законот за здравствена заштита, Владата ќе ја ограничи висината на финансиската сума која приватните болници ќе можат да ја наплатат за лекување на ковид-пациенти, во време на кризна или вонредна состојба. Ваквата одлука била донесена денеска на главниот координативен кризен штаб, информираше Филипче.

„Го слушнавме апелот на граѓаните. Сепак е криза, има потреба да се користи и тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе го поднесеме предлог-законот за измена на Законот за здравствена заштита“, рече министерот за здравство.

- Реклама -