Музичкиот поздрав на Џамбазов до Борисов и Каракачанов стигна и до бугарските медиуми

„Интересен“, „необичен“, „многу интересен“… Вака неколку бугарски медиуми го оценуваат поздравот што македонскиот шоумен Игор Џамбазов им го испрати на бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот заменик – министерот за одбрана Красимир Каракачанов, со своја верзија на песната „Бела, чао“.

Бугарските медиуми потсетуваат дека во април своја верзија испејаа Драган Спасов-Дац и Александар Митевски, насловена „Корона, чао“, која премиерот Борисов ја пофали додека си ја пушташе во џипот додека патува.

Поздравот на Џамбазов, за чудо, не го нарекуваат отворено „говор на омраза“, но затоа посочуваат дека оригиналот е италијанска партизанска песна и дека во еден од стиховите Игор им порачува „Партиџано – тоа сме ние, вие сте тие другите…“.

Пс. За оние што можеби не се во тек и се прашуваат зошто Џамбазов во видеото носи маска преку очи, ЛИНКОВ ќе ви објасни.

 

- Реклама -