Заев: Без ПЦР тест ќе се влегува само ако е неопходно, и од дома излегуваме само кога е неопходно

Предлогот на Комисијата за заразни болести за отворање на границите со Србија, Косово, Црна Гора и Албанија, без ПЦР тест, Владата ќе го разгледува утре, соопшти премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека се работи за регионална иницијатива бидејќи епидемиолошката слика во околните земји била слична, и дека во моментов се чека одговор од Србија и од Бугарија, додека Албанија, Косово и Црна Гора се отворени за ваквиот предлог.

„Ние сме мала земја и не сакаме да сме изолирани од регионот, така да поприлично сме позитивни кога самите стручни луѓе од Комисијата за заразни болести даваат сугестии“, рече Заев.

Сепак, премиерот нагласи дека границите без ПЦР тест ќе се поминувале само кога е неопходно, бидејќи, како што рече, „и од дома излегуваме само кога е неопходно“.

Како што соопштија од Министерството за здравство, одлуката на Комисијата за заразни болести да препорача укинување на ПЦР тестовите ,се темели на анализите според кои нема висок број на увезени случаи во Македонија од овие земји и оттаму нема значителен ризик од зголемување на бројот на заразени.

 

- Реклама -