Нухиу: Потпишавме акти за албански јазик на полициските униформи

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, објави денеска на Фејсбук привремениот министер за внатрешни работи Агим Нухиу.

Нухиу беше заменик министер за внатрешни работи од редовите на ДУИ, а функцијата ја наследи од техничкиот министер Наќе Чулев, кому по објавувањето на конечните резултати од предвремените парламентарни избори му заврши мандатот, согласно Пржинскиот договор. Нухиу ќе остане на позицијата министер сѐ до изборот на новата Влада, односно нов министер за внатрешни работи.

На оваа позиција Нухиу се најде и по изборите во декември во 2016 година, до моментот на формирање на новата влада.

Прочитајте и:  СДСМ: Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара

- Реклама -