Вчера, кога го посетил и се фотографирал со Талат Џафери на Инфективната клиника, бил дежурен на работа – тоа е одговорот на вицепремиерот Бујар Османи, кој воедно е и хирург на Дигестивна клиника, на прашањето на „360 степени“ кој ги пуштил него и Неџати Јакупи (исто така нивни сопартиец и директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија) да влезат на Инфективна во време на пандемија и притоа да се сликаат со пациент.
Османи, избегнувајќи директен одговор, додава и дека Џафери е негативен Ковид-19. Одговор нема и од директорката на Инфективна – Милена Стефановиќ, пишува „360 степени“, посочувајќи дека од почетокот на пандемијата, болничките посети се забранети и строго регулирани во сите болници низ државата.