Сончевата светлина брзо го уништува вирусот – покажува експеримент на американската лабораторија за одбрана од биoлошки зaкaни

Прелиминарните резултати од лабораториските експерименти на американската влада покажуваат дека короанвирусот не преживува долго во услови на високи температури и висока влажност и дека сончевата светлина брзо го уништува.

Брифингот за прелиминарните резултати објавен од Yahoo News, а неменет исклучиво за официјална употреба (меѓу научниците, не јавноста), нуди надеж дека летото ќе понуди услови кои му се помалку наклонети на вирусот, иако експертите предупредуваат дека тоа во ниту еден случај нема да значи негова елиминација, ниту пак сигурно намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19.

Студијата покажува дека ризикот од „трансмисија од површини надвор е помал за време на дневна светлина“ и под повисоки температури и услови на влажност. „Сончевата светлина го уништува вирусот брзо“, се вели во брифингот.

Од Министерството за домашна безбедност (Department of Homeland Security, DHS) одбиле да одговорат на прашањата на Yahoo News. Наместо тоа испратиле соопштение во кое се вели дека „би било неодговорно да се шпекулира и да се извлекуваат заклучоци или ненамерно да се влијае на јавноста врз основа на документ кој сѐ уште не е ревидиран од другите научници и не бил предмет на ригорозна научна валидација“.

Резултатите се наведени во брифингот на Директоратот за наука и технологија, во кој се опишани експериментите спроведени во Центарот за национална био-одбранбена анализа и противмерки – лабораторија создадена по нaпaдот од 11 ceптември за борба против биoлошки зaкaни.

И додека DHS ги опишува резултатите како прелиминарни, тие наскоро би можеле да се најдат и во официјалните препораки.

Симулираната сончева светлина „брзо го убива вирусот во аеросолите“, додека без тој третман „не е забележано значително намалување на вирусот во период од 60 минути“, се вели во брифингот.

Експериментот е спроведен врз вирусни честици во плунка, во затворен простор, но во услови кои би требало да соодветствуваат со разни надворешни временски услови. Повеќе ТУКА.

DHSST by Sharon Weinberger on Scribd

- Реклама -