Се поништува луcтpaцијата, оштeтeните ќе можат да ја тужaт државата за надoмecт

Владата, на денешната владина седница, го усвои предло-законот на Министерството за правда, со кој се огласува ништовност и поништување на правните акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со поништувањето на одлуките и последиците од лустрацијата се исправа долгогодишната неправда кон лицата кои беа жpтви на Комисијата за верификација на факти и други надлежни opгани, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите со нарачаните лустрации кои се спомнуваат во прислушуваните телефонски разговори, велат од Министерството.

Освен ништовност на одлуките и последиците, со предлог-законот на оштeтeните лица (или нивните наследници) им се овозможува и право на надомест на штета, кое оштeтeните ќе можат да го остварат преку тyжба пpoтив држвата, согласно одредбите од Законот за облигационите односи. Тоа ќе можат да го направат во рок од 60 дена од денот на стапување во сила на овој закон.

За поништувањето на лустрацијата се огласи и премиерот Заев, на својот Фејсбук профил:

„Оваа Влада продолжува да исправа неправди! Нарачаните процеси од така наречената лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот…

Ја заокружуваме правната рамка на реформата во правосудството во однос на обезбедувањето на независноста и непристрасноста и со законска рамка ги поништуваме мерките и правните последици од процесот на лустрација“, порача Заев.

Законот за лустрација, инаку, беше донесен во 2008 година, а престана да важи во 2015-та. Во тој период беа лycтрирани над 300 лица за кои Комисијата за верификација на факти утврди дека соработувале со тајните служби и за кои беа воведени ограничувања за вршење на јавни функции.

- Реклама -