30 јапонски стршлени масакрираат 30.000 пчели (видео)

strslenСè што е потребно е еден извидник кој ќе ја најде колонијата со пчели и ќе ја обележи со фермони. Потоа се враќа со дружина природно родени убијци и прави масакр. Звучи како последниот филм на Тарантино? Не, но доволно блиску. Ова е почетокот на видето направено за National Geographic кое го документира масакрот на 30.000 пчели од страна на 30 (да, 30!) азиски големи стршлени.

Сè што е потребно е еден извидник кој ќе ја најде колонијата со пчели и ќе ја обележи со фермони. Потоа се враќа со дружина природно родени убијци и прави масакр. Звучи како последниот филм на Тарантино? Не, но доволно блиску. Ова е почетокот на видето направено за National Geographic кое го документира масакрот на 30.000 пчели од страна на 30 (да, 30!) азиски големи стршлени.

2373530570105960926S600x600Q85

Пет пати поголем од просечната европска пчела, 5см долг со распон на крилцата од 7.6см, јапонскиот стршлен (Vespa mandarinia) е еден од најкрволочните предатори во светот на инсектите. Неговото осилото е околу 6 милиметри долго и способно да инјектира многу силен отров кој може да го оштети ткивото или да го разложи човечкото месо. Убодот е смртоносен доколку не се интервенира брзо. Иако помалку отровен од оној од пчелите, убодот од јапонски стршлен е поопасен заради големата количина на отров. Тој е погубен за околу 40 луѓе годишно во Јапонија. Обидот да се избега повеќе од сигурно е дека ќе биде неуспешен, со оглед на фактот дека стршленот може да лета со брзина од 40 km/ч и патува на растојанија од 97 километри во еден ден. Дури и најголемите предатори во светот на инсектите, како што е богомолката, немаат шанси пред големиот јапонски стршлен.

2207339350105960926S600x600Q85
2492905810105960926S600x600Q85

Што се однесува на нападот врз кошница на пчели, стратегијата на големите азиски стршлени е едноставна: Најди, обeлежи и нападни со засилување. Еден стршлен може да убие околиу 40 пчели во минута, значи потребно е само 3 часа за 30 стршлени да маскарираат околу 30.000 пчели. Но и пчелите не се толку беспомошни како што изгледа на прв поглед.

2319403690105960926S600x600Q85

Јапонските пчели развиле паметна стратегија кога ќе забележат како стршлен извидник се обидува да викне зајакнување преку неговата фермонска трага:  Стотина од нив ќе направат замка во близина на влезот на кошницата, обидувајќи се да го намамат стршленот извидник внатре каде околу 500 пчели ќе го заобиколат и задушат со нивните густо збиени тела. При тоа, тие со голема брзина вибрираат со мускулите за летање, со тоа зголемувајќи ја температурата до 47 °C, знаејќи добро дека стршленот не можа да преживее повеќе од 46 °C. Самите пчели исто така не можат да ја издржат таа температура и неколку од нив ќе умрат од презагревање, но тоа е мала жртва во споредба со она што би се случило кога стршлените би влегле во кошницата.

{youtube}6fTrSOFyfxs&feature{/youtube}
{youtube}JtFVQe4JRmA&feature{/youtube}

- Реклама -