Погледнете го продолжението од листата на 30 најневеројатни фотографии кои всушност се автентични, без каква и да е обработка или монтажа.
Погледнете го продолжението од листата на 30 најневеројатни фотографии
кои всушност се автентични, без каква и да е обработка или монтажа.
20. Билдер со жива кукла
Пропорциите се точни. Се работи за Адитја „Ромео“ Дев, најмалиот бодибилдер во светот. Висок е 83 сантиметри и тежи неверојатни 9 килограми.
19. Фројдовски гумени бонбони
Како што можете да забележите од пакувањето, ова би требало да бидат светилници, но, веројатно се работи за најлошо оформениот производ во историјата.
18. Зини земјо – голтни ме!
Она што изгледа како џиновски одвод, во суштина е најголемиот рудник за дијаманти во светот, близу Мирни, Русија. Рудникот е толку голем, што воздушните струи ги оневозможуваат хеликоптерите да прелетаат преку него.
17. Пица со сè што постои
Единственото нешто што недостасува на оваа пица која се продава во Пицахат во Јапонија се мали лименки пиво.
16. Тенис?
Не, ова не е сцена од некој филм или реклама за тенис. Ова е слика од натпреварот помеѓу Андре Агаси и Роже Федерер кој се одржа на хелиодромот на врвот од „Бурж ал Араб“ облакодерот во Дубаи. Веројатно не заборавиле да понесат повеќе од едно топче.
15. Зајче
Ова не е ситен човек кој држи обично зајче во рацете. Се работи за човекот кој ги одгледува овие џиновски зајаци во Германија и еден од неговите попретставителни примероци. Ова е или најслаткото или најзастрашувачкото нешто од светот на животните. Одлучете сами.
14. Хана Монтана гумени пениси
Она што ви изгледа како пенис, требало да претставува гитара. Овие бонбони постојат и овие примероци со боја на кожа ги има во секое пакетче.
13. Истражувачи од Лилипутанија
Ова е слика од Пештерата на кристалите во Мексико. Високо минералната вода во комбинација со високите температури е одговорна за создавањето на овие џиноски кристали.
12. Улиците видени низ окото на Салвадор Дали
Се работи за најобична зграда во Париз, во која се вршат поправки. За тоа време, таа е прекриена со заштитно платно врз кое е насликана зграда во Далиевски стил. Делото е наречено „Зградата која се топи“.
11. Ноже?
За жал и ова е вистинска слика од, веројатно најнепрактичното швајцарско ноже во историјата. Содржи точно 85 алатки, вклучително и нешто што наликува како алатка за обрежување. Широко е 23 сантиметри и тежи речиси еден килограм. Практичноста на швајцарските ножиња исчезнува кога дршката е точно 3 пати поширока отколку што е долго сечилото.
[30 фотографии за кои нема да поверувате дека не се фотошопирани (3.дел)]