Очите се прозорец кон душата. Тоа е израз кој го одразува на совршен начин она што го чувствуваме кога ќе погледнеме во нечии очи.
Францускиот фотограф Réhahn е еден од најискусните, кога станува збор за „лов“ на емоцијата во овие моменти, пишува Bored Panda.
Тој го насочува своето внимание кон човековата интуиција и имагинација и успева да допре до чувствителноста. Не е потребно да читаме какви и да било описи на фотографиите, доволно е да погледнеме во очите, за да дознаеме нешто повеќе за човекот и неговата душа.