30 дена притвор за Сашо Мијалков, постоела опасност за бегство

Поранешниот шеф на УБК – Сашо Мијалков, попладнево бил приведен од полицијата, објави 1ТВ. Мијалков со лисици бил изнесен од скопскиот хотел „Мериот“ и спроведен во истражниот затвор во Шутка.

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му ја одредил мерката притвор од 30 дена по барање на СЈО, за случајот „Таргет – Тврдина“. Извори од СЈО за a1on.mk ја потврдиле информацијата.

Притворот бил побаран како мерка на претпазливост, бидејќи според полициски извори, постоела опасност за бегство.

Апсењето на Мијалков се случува само некој час откако Груевски на Фејсбук потврди дека Унгарија му одобрила политички азил.

Директорот на затворот Шутка за САКАМДАКАЖАМ.мк не сакал ниту да ја потврди, ниту да ја негира информацијата, со образложение дека во моментов не е на работа.

 

- Реклама -