3 тантрички секс пози во кои владеат жените

Историјата на сексот е многу постара и побогата од што мислиме, а најдобар пример за тоа се старите записи кои датираат од 400 година п.н.е. Тогаш љубовниот чин се сметал за уметност која ги соединува луѓето во една целина.

Дозволете им на жените да го имаат главниот збор во сексот, и почувствувајте ја уметноста од далечното минато.

Yab Yum

Една од најпопуларните тантрички пози е онаа во која мажот седи со прекрстени нозе. Жената седи свртена со лицето кон него, а нозете ги преплетува преку неговиот струк. Мажот со подигнување на женското тело го диктира темпото. Оваа поза е доста интимна со оглед на тоа што тие се постојано прегрнати и можат да разменуваат бакнежи.

4577757213

Азијска јавачка

Мажот се наоѓа во полуседечка положба на креветот, исправен со грбот зад кој има вметнато перница. Жената е во расчекор и се спушта во „чучечка“ положба, додека рацете и се на рамената или главата на партнерот. Во оваа поза жената има целосна контрола, а мажот со рацете е потпрен на нејзините колкови или бутови и го диктира темпото.

Превртена Амазонка

Мажот во испружена положба лежи на креветот со благо свиткани колена. Жената се наоѓа над партнерот, свртена со грб и придржувајќи се за неговите колена. Слично како и во првата положба, жената има контрола над движењето и брзината на пенетрација.

- Реклама -