Летото е идеално време за на најдобриот можен начин да ги покажете атрибутите на вашето тело. Сакате да носите фустани и маички без ракави? Можеби не е лошо малку да поработите на формата на рацете. Во продолжение ви прикажуваме три вежби кои можете да ги правите и додека ги вршите секојдневните активности, а кои ќе ве изненадат со одличните резултати.
1. Истегнете се
Истегнувањето на мускулите е одличен начин да се загреете за било каков вид на тренинг. Иако не ги топи масните наслаги на рацете, редовното истегнување, и до три пати дневно, визуелно ќе ги издолжи вашите мускули, и ќе му обезбеди на вашето тело дополнителни количини на кислород.
2. Кревајте ги рацете додека гледате телевизија
Застанете пред телевизорот со целосно исправен грб. Земете во двете раце шишиња кои тежат еден килограм, наполнети со вода или ориз, и со бавни движења кревајте и спуштајте ги рацете. Доколку ова го практикувате често, резултатите за кратко време ќе станат видливи.
3. Користете ја целата тежина
Склековите се едни од најефикасните вежби за зацврстување на мускулите. Но, наместо оние класичните „тешки“ склекови, обидете се да ги примените истите вежби, но потпирајќи се вертикално на ѕидот. Одбијте се 10 пати од ѕидот, во четири серии во текот на денот.