Пуслиците се навистина необичен десерт. Однадвор се цврсти и крцкави, а внатре меки и пенливи. Кога ги правите, размислувајте на облаци. Доколку правилно се направат треба да се топат во устата. Главните состојки на овој десерт се белки и шеќер. Звучи како да се едноставни за приготвување, но додека се печат во рерна, лесно може да се случи нешто да тргне наопаку. Токму затоа овие пуслици е подобро да се прават во микробранова печка.
Подговотвка:
Одвоете белка од едно и пол јајце и додадете преку 300 грама шеќер во прав. Со помош на рацете добро промешајте ги додека не се соединат.
Кога смесата ќе згусне за да можете да ја обликувате, направете четири кугли и наместете ги на салфетка која претходно сте ја ставиле на чинија. Потоа, внесете ја чинијата во микробранова печка на една до две минути.