3.000 денари и условна казна затвор од 2 години за сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“

„Мистериозниот инвеститор“ на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ во срцето на Скопје, кого институциите два месеа не можеа да го најдат, а кој кога му ја рушеа дивоградбата се закануваше дека правдата ќе ја бара во Стразбур… ја признал вината, објави „Призма“.

Освен тоа, Мевлудин Алити пред судот рекол и дека „се кае за тоа што го направил“, дека „не бил свесен за последиците од неговото однесување“ и дека сметал дека со тоа што „само го обновувал својот објект – не врши кривично дело“.

Врз основа на ова, но и на фактот што Алити претходно не бил осудуван, судот решил дека може да му се ублажи казната, па го осудил на условна казна затвор од 2 години (кои нема да ги одлежи ако во следните 5 години не стори ново кривично дело), иако став 1 од Кривичниот законик за „бесправно градење“ предвидува казна затвор од 3 до 8 години. Освен тоа, Алити ќе треба да плати и судски паушал од 3.000 денари (со оглед на прифатеното признание на вина, за предметот не се изведувале докази, туку судот веднаш ја донел пресудата).

Ниту Алити, ниту обвинителот Даниел Коцев, не се жалеле на пресудата, која, како што со право оценува „Призма“, досега помина неочекувано незабележана. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -