Денес, на 19-ти август, Боки 13 полни 33 години.
Како што потсетува „Нетпрес“, Јовановски со години живееше во луксуз и родендените ги прославуваше гламурозно, по теркот на најголемите балкански ѕвезди од естрадата и шоу-бизнисот. Познати пејачи, скапи храни, пијачки… На родендените му пееја низа српски и македонски пејачи, меѓу кои и Лепа Лукиќ. Јубилејниот 30-ти роденден му почна со 1001 ружа, а 32-от го прослави со италијанска вечера. „Мала Сицилија во Скопје“, напиша тогаш на Инстаграм.
Овојпат, Боки својот роденден ќе го дочека во истражниот затвор во Шутка, каде ги одлежува вторите 30 дена притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“. Со други зборови, ќе нема гламурозна прослава. Веројатно… Зашто Боки знае и да изненади. Редовно го правеше тоа низ годините, а „круна“ му е дефинитивно ова последново. Згора на тоа, Боки и таму си има фанови.
View this post on Instagram