ОБНОВЕНО: Катица Јанева отворила боледување пред два дена, а има и неискористен одмор

Веќе трет ден специјалната јавна обвинителка – Катица Јанева, чија оставка ќе биде активирана кога ќе се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на СЈО и ќе се избере нејзин наследник, не оди на работа во СЈО.

Додека од СЈО за повеќе медиуми денеска рекоа дека Јанева не поднела никакво образложение за отсуството, за „Слободен печат“ официјално потврдуваат дека денеска Јанева најверојатно ќе поднесе документација за боледување. Оттаму наведуваат и дека Јанева има право и на неискористен дел од стариот летен одмор.

ОБНОВЕНО: Во меѓувреме, според најновите информации, официјално потврдени од СЈО за повеќе медиуми (меѓу кои и „Слободен печат“), Јанева веќе го отворила своето боледување, и тоа пред 2 дена, на 16 јули, ден откако си поднесе оставка.

- Реклама -