Обвинителството демантира: Апсолутно е неточно дека Катица Јанева била апсена

Апсолутно е неточно дека ОЈО и МВР имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, демантираат извори од обвинителството за „А1он“.

Како што објави вчера порталот „МКД.мк“ повикувајќи се на свои неофицијални сознанија/извори (по што беше пренесено и од нас, 365.com.mk), Јанева требало да биде уапсена во зградата на СЈО, но тоа било спречено откако Јанева се јавила на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник и на висок претставник на македонските власти.

Од обвинителството повторуваат дека одземениот телефон од Јанева е само за да се лоцираат нејзините телефонски контакти со Бојан Јовановски – Боки 13, и повторуваат дека засега истрагата се води само за двајцата осомничени, а не и за други лица. Истото тоа вчера го истакна и обвинителката Вилма Русковска во интервју за „ТВ24“, иако не ја исклучи можноста истрагата да биде проширена, во зависност од тоа во кој правец ќе ја насочат доказите, ако такви бидат најдени.

Истото вчера ОЈО го повтори и со официјална реакција, во која ги осудува написите во дел од медиумите кои, повикувајќи се на извори од обвинителството, шират шпекулации за наводно проширување на истрагата и за содржина на одземените материјални докази во предметот за примање награда за противзаконито влијание, во јавноста актуелен како „Рекет“. Обвинителството истакнува дека само официјално објавените соопштенија на веб страницата на обвинителството и дадените изјави на обвинителите се веродостоен извор на информации во врска со овој предмет и дека останува отворено за споделување на веродостојни информации, колку што дозволува истрагата.

- Реклама -