Иран објави видео од летот и уривањето на американскиот дрон (ВИДЕО)

„Иран направи голема грешка“, порача американскиот претседател Доналд Трамп откако САД и официјално признаа дека е пoгoдeн и уништен нивниот разузнавачки дрон модел RQ-4, за кој тврдат дека летал во меѓународен воздушен простор и со ништо не испpoвоцирал нaпaд.

Иран, меѓутоа, тврди дека дронот шпиунирал во нивниот воздушен простор и уривањето го оцени како јасна порака: Иран нема намера да вojува, но е подготвен за вojна.

Официјален Техеран и иранските медиуми во меѓувреме објавија и видео од соборувањето на дронот, како и проекција на неговото движење, што според нив е доказ дека летал во иранскиот воздушен простор:

 

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД
- Реклама -