Антикорупциска поведе две пpeкpшочни постапки за Иванов

Со едногласна одлука, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница одлучи да поведе две прекршочни постапки против претседателот во заминување – Ѓорге Иванов. Со указите за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период, Иванов ги прекршил Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Во првиот случај, Иванов го унапредил генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски во генерал-потполковник, без притоа началникот на Армијата да даде предлог до претседателот, како што наложува Законот за служба во Армијата. Таков предлог не бил доставен до Антикорупциска.

Во вториот случај, со укази донесени по денот на распишување на изборите, Иванов ги поставил бригадниот генерал Орце Јордев за заменик командант на ЗОК, полковник Драган Ковачки за командант на Првата механизирана пешадиска бригада и полковник Бесник Емини – за началник на Штаб на ЗОК. Со тоа, како и во случајот со Ѓурчиновски, нив им се исплатувало зголемена плата – дејствие што е забрането во текот на изборниот период.

Прочитајте и:  Антикорупциска иницира постапка против Костадиновска Стојчевска за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели
- Реклама -