На руската друштвена мрежа VK.com, денеска, пред околу 4 часа, од корисник под псевдоним „Илија Громовник“, со профилна фотографија на која пишува „#Чичо“ и „#Македонија“, објавени се, до моментов, четири аудио снимки од се чини прислушувани телефонски разговори, во кои учествуваат низа личности од македонската политичка сцена.
Четирите снимки ги носат следниве наслови:
- Оливер и Гордана координација пред медиуми
- Кочо и Саше го пљачкаат ЕЛЕМ (во описот стои „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“)
- Фрчко и Алберт Муслиу лажираат ЛУСТРАЦИЈА (во описот стои „Местење на гласање во комисија за ЛУСТРАЦИЈА“)
- БЦ и Дамјан Манчевски со грчката фирма (во описот стои „Црвенковски ги објаснува ГРЧКИТЕ фирми на Манчевски
Можете да ги најдете на профилот на споменатиот „Илија Громовник“ (клик ТУКА).
Засега нема подетални информации.