Џафери: Ќе почекаме Иванов да си замине

Претседателот на Собранието – Талат Џафери, очекува дека на седницата закажана за утре, пратениците повторно и без расправа ќе ги изгласаат законите кои претседателот Ѓорге Иванов им ги врати непотпишани, но не со конкретни забелешки за самиот текст, туку со општо образложение дека дал заклетва и ги штити интересите на Република Македонија.

Ако и по второто гласање Иванов не ги потпише, а извесно е дека нема, законите сепак нема да бидат објавени во „Службен весник“ без негов потпис, како што дел од јавноста можеби се надеваше. Наместо тоа, ќе се чека потписот на новиот претседател, соопшти Џафери.

„Ако за Законот за употреба на јазиците чекавме една година, може и за овие закони да почекаме да истече мандатот на Иванов“, вели Талат Џафери за „Независен весник“ (повеќе на линкот).

- Реклама -