Откако на пресот зад Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да присуствуваат на седницата за уставните измени закажана за во 14 часот, тој и неговите сопартијци заминаа пред Собранието за да се приклучат на протестите против промена на името.
Но, пречекот од дел од демонстрантите не беше премногу срдечен. Тие Мицкоски го пречекаа со свирежи, порачувајќи му дека за разлика од него тие таму не се само за сликање. Останатите во неколку наврати го повикаа да се обрати од нивната говорница, но Мицкоски ги игнорираше таквите повици, додека неговото обезбедување го правдаше дека тоа не би било безбедно.
Откако обидите на демонстрантите од редовите на „Тврдокорни“ и „Македонија Блокира“ завршија со неуспех, Мицкоски навлече уште поголем гнев кај дел од присутните. Освен свирежи и навреди, тие повикаа и на негова оставка.
Видео: ТВ 21