Како што и беше најавено, денеска и обвинетиот Александар Василевски – Нинџа поднесе барање за амнестија, потврдува за „НОВА“ неговиот адвокат Звонко Давидовиќ.
Во барањето, Нинџа навел зошто смета дека треба да биде опфатен со амнестијата; бидејќи не бил организатор, бидејќи не носел качулка на главата, и бидејќи не носел оружје.
Судијката Кацарска има рок од 5 дена да одлучи по барањето, со претходно потврдно мислење од обвинителството.
Во меѓувреме, бројката на поднесени барања за амнестија се искачи на 38 – потврдуваат од Основниот суд Скопје 1 за „Макфакс“. Тоа значи дека помилување за 27 април побарале и дел од веќе правосилно осудените лица.
Денеска милост од судот побарал и пратеникот Љупчо Димовски, а амнестија ќе бараат и Горан Ѓошевски – Леви и Абдулфета Алими, пренесува „Алсат“.