Османи: Рамковниот договор да биде конститутивен елемент во Преамбулата на Уставот

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, вицепремиерот Бујар Османи откри дека се разговара и за вметнување на Рамковниот договор во Преамбулата како еден од конститутивните елементи на државата, заедно со АСНОМ и 8 Септември.

„Во Преспанскиот договор е дефинирано споменување во Преамбулата на Конститутивните документи на државата. И логичен сплет на чекори, што не е барање само на Албанците туку на сите во државата, е и Охридскиот договор да биде споменат во Преамбулата, бидејќи е инкорпориран во Уставот со амандмани. Со тоа во Преамбулата би ги содржела како конститутивни документи: Крушевската Република, Прогласот на АСНОМ, 8 Септември и Охридскиот рамковен Договор. До сега сите кои ги имам контактирано, пратеници, експерти, никој не вели дека Охридскиот Договор не е инклузивен и дел од Уставот“.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување

Повеќе прочитајте на Телма

- Реклама -