Груевски има 13 дена да се јави во затворот во Шутка

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска го доби упатниот акт според кој треба да се јави на излежување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, т.е.  набавката на луксузниот „Мерцедес“. Груевски тоа ќе треба да го направи најдоцна до 8 ноември, во затворот во Шуто Оризари.

Упатниот акт лично му бил врачен од службеник од судот денеска во холот на Основниот суд Скопје 1, додека Груевски како обвинет чекал да влезе на судењето за случајот „Траекторија“. Груевски само го погледнал документот, го стуткал, па го ставил во џеб, пренесува порталот СДК.

Според неофицијални извори, упатниот акт му бил врачен токму во холот на судот бидејќи Груевски не го нашле на домашна адреса, пренесува Макфакс.

- Реклама -