Погодете кое ѝ е омилено годишно време на Џоана Хендрик – советник на државниот универзитет во Сакраменто…
Од 2013-та наваму, Џоана секоја есен ја прославува така што ги аранжира есенските листови на кампусот во комплексни лавиринти и други интересни слики. Вели дека поентата на нејзината уметност е од нешто што веќе е убаво (есенските лисја, нели) да направи нешто што ќе биде сосема уникатно и нема да можеш да го одминеш.
Денес Џоана прави по околу 6 дизајни месечно, таман за да можат да уживаат студентите кои во есенскиот период учат за нивните последни испити.