Сигурно кога го прочитавте насловот си помисливте Леле уште една здодевна диета со ограничен број на намирници. Меѓутоа кога ќе ја прочитате целата диета и планот на оброците, веднаш ќе посакате да ја пробате.
Всушност тука ќе прочитате два плана за две диети, голема јогурт диета и мала јогурт диета.
Јогуртот е квалификуван во храна чија основа се калциум, калиум, фосфор, витамини Б2, Б5, Б15, цинк, белковини, пантотенска киселина, јод… Храна збогатена со живи и активни култури на бактерии кои се пријателски настроени кон нашето тело, докажано го јакнат организмот и ја ‘’ поправаат “ работата на желудикот поради нарушениот дисбаланс во варењето на храната. Бројните студии се само доказ повеќе колку јогуртот е круцијален дел од дневното мени, дејствувајќи како пробиотик кој директно го зајакнува имунолошкиот систем и го штити организмот од инфекции.
Големата јогурт диета е брз и ефикасен начин за да се ослободите од вишокот килограми кои сте ги добиле за време на викендот или постојаното „грицкање“. Оваа диета трае само пет дена и потоа се прави пауза еден месец. За овие пет дена можете да изгубите и до четири килограми – сè зависи од почетната тежина.
Малата јогурт диета трае седум дена и може да се повторува до три пати во еден циклус, односно да се држи 21 ден. Потоа се прави пауза од седум дена, а потоа може пак да се продолжи. Со оваа диета ќе намалите помалку килограми за разлика со големата, но бидејќи може да се држи три недели, на крајот резултатот може да биде 7-8 килограми помалку.
Зошто диета со јогурт?
Јогуртот е одличен, богат со многу хранливи состојки и организмот го снабдува со калциум и бактерии корисни за нашите црева. Исто така има одредени антибактериски и антигабични својства, па затоа се „бори“ со бактериите кои не се корисни за нашиот организам. Тој помага и при варењето на храната. Одличен е и за срцето, бидејќи млечните протеини кои ги содржи, како и високото ниво на калциум, магнезиум и калиум, го регулираат крвниот притисок и работата на срцето.
Голема јогурт диета
Прв ден
појадок: 150 мл јогурт и 150 гр ананас
ручек: 50 гр ‘ржен леб, чинија зелена салата прелиена со јогурт (150 мл) и зачини, 1 банана
вечера: 200 гр печена пастрмка без маснотии, 200 гр варен компир, 200 гр варена блитва
Втор ден
појадок: 150 мл овошен јогурт, 200 гр јагоди
ручек: 100 гр интегрални тестенини, 60 мл доматен сос, 100 мл јогурт
вечера: 150 гр посно кравјо сирење, 50 гр интегрален леб, 200 гр ротквица
Трет ден
појадок: 150 мл јогурт, 200 гр сезонско овошје (или една банана)
ручек: 50 гр варен ориз, 200 гр варен грашок, 200 гр салата од цвекло
вечера: 200 гр печено пилешко бело месо, салата од 200 гр зелена пиперка и 400 гр домат, овошен јогурт 200 мл
Четврти ден
појадок: 150 мл овошен јогурт, 150 гр јаболка
ручек: 200 мл супа од шампињони, парче `ржен леб, 400 гр динстуван зеленчук (тиквички, модар патлиџан, моркови, шампињони)
вечера: 100 гр пилешки виршли, 400 гр салата од краставица преливена со јогурт (100 мл)
Петти ден
појадок: 150 мл јогурт со 30 гр житни снегулки
ручек: 200 гр варено филе од ослич, 100 гр варен морков, 200 гр варена шпаргла, 200 гр варен карфиол
вечера: 100 гр компир со четири лажици јогурт и зачини, зелена салата со лимон
Мала јогурт диета
Прв ден
појадок: 30 гр грахам печиво, 8 гр путер, 30 гр варена шунка, 150 гр јаболка, 200 мл овошен јогурт
ручек: 90 гр печен телешки џигер, 150 гр варен солен компир, 200 гр салата од зелка, 150 мл јогурт
вечера: 150 гр свежо кравјо сирење, 200 гр свеж морков, 200 гр ротквица, 30 гр `ржен леб
Втор ден
појадок: парче црн леб, 8 гр путер, 1 лажица мармалад, 100 гр круша, 150 мл овошен јогурт
ручек: 150 гр печен ослич, 100 гр варен компир, 100 гр зелена салата, 200 мл јогурт
вечера: 150 гр печено пилешко, 200 гр варен мешан зеленчук
Трет ден
појадок: 150 мл овошен јогурт, 200 гр јагоди
ручек: чинија тестенини со кравјо сирење, 200 мл сок од портокал
вечера: 2 јајца, 300 гр варен спанаќ, 125 гр варен компир, 200 мл јогурт
Четврти ден
појадок: парче `ржен леб, 8 гр путер, 30 гр пилешки нарезок, 100 мл сок од портокал
ручек: 125 гр варен ориз, 200 мл јогурт, 100 гр ананас
вечера: 150 гр печен мисиркин нарезок, мешана салата зачинета со лимон, 200 мл јогурт
Петти ден
појадок: парче интегрален леб, 8 гр путер, 1 лажица мармелад, 1 банана
ручек: 150 гр тестенини, 300 гр варен зеленчук по желба, 200 мл овошен јогурт
вечера: парче црн леб, 100 гр туна, 150 гр мешана салата по желба, 150 гр јогурт
Шести ден
појадок: 200 мл јогурт, 75 гр свежо кравјо сирење, 150 гр јагоди
ручек: 400 гр различен динстуван зеленчук, парче `ржен леб, 200 мл сок од боровница
вечера: едно печиво, 100 гр пилешки виршли, 2 домати, 200 мл овошен јогурт
Седми ден
појадок: парче пченкарен леб, 2 лажици сирен намаз, 1 краставица, 150 гр овошен јогурт
ручек: 200 гр печено телешко месо, 200 гр свеж зеленчук прелиен со јогурт
вечера: 200 гр диња, 200 гр овошен јогурт