Лондон е прекрасен. Се смета за еден од водечките глобални градови, и за важно културно, економско и образовно средиште во Европа и во светот.
Се наоѓа на реката Темза на подрачје каде постојат неселби веќе два милениуми. Историјата на Лондон датира уште од времето на Римската Империја кога се смета дека бил основан од страна на Римјаните кои го нарекле Лондиниум.
Метропола исполнета со грандиозна архитектура, бројни културни и уметнички катчиња, симпатични ресторани и кафулиња и надалеку прочуен ноќен живот.
Во галеријата подолу ви прикажуваме 26 фотографии, кои со сигурност ќе ве поттикнат што поскоро да започнете да се распрашувате за тоа како би можеле да ја посетите оваа неверојатна дестинација.